“International SOS” ја објави мапата на најризични држави за патувања во 2021 година. Оваа листа ја објавуваат секоја година, а при нејзиното составување се земаат во обзир здравствените и безбедносните ризици, годинава надополнети и со ризик од заразување со Covid-19.
На неславната листа на држави со најголем безбедносен ризик за 2021 година доминираат земји од Африка и Блискиот Исток, и тоа:
- Ирак
- Либија
- Сирија
- Авганистан
- Јемен
- Сомалија
- Јужен Судан
- Централноафриканска Република
- Мали
- Украина
Држави со најголем здравствен ризик за 2021 година се земјите со најниско ниво на овозможување соодветна медицинска нега, и тоа:
- Нигерија
- Либија
- Ирак
- Авганистан
- Венецуела
- Северна Кореја
- Јемен
- Буркина Фасо
- Гвинеја
- Гвинеја-Бисао
- Либерија
- Централноафриканска Република
- Хаити
Но, оваа листа може да претрпи промени заради пандемијата од Covid-19, а како држави со најмал безбедносен ризик се наведени скандинавските држави Данска, Финска и Норвешка.
Држави каде е најмала веројатноста дека ќе се заразите со Covid-19 се: Нов Зеланд, Никарагва и Танзанија.
Се надеваме дека во 2021 година ќе имаме повеќе можности за патувања од оваа година, но бидете многу внимателни ако сакате да посетите некоја од горенаведените држави.