Photo: Booking

Од 2018 година луксузниот еко ресортот “Soneva Fushi” на островот Кунфунадхо на Малдиви вработува по еден книжар кој ја води книжарата на ресортот во текот на целата туристичка сезона. Последниот книжар си заминал во април оваа година, а книжарот кој ќе го наследи ќе работи од крајот на месец октомври 2020 до април 2021.

Photo: Booking

Среќникот кој ќе биде избран за оваа работна позиција ќе помине on line обука во траење од еден месец, пред да отпатува на Малдивите на средина од месец октомври. Како дел од вештини кои треба да ги поседува секој кој сака да аплицира за оваа работа се наведени: тимски играч со страст за книги и способност да се поврзе со гостите во ресортот без разлика на нивната возраст, треба да знае одлично да зборува и пишува на англиски јазик и да има дарба за водење на забавен блог во кој ќе го опишува секојдневното искуство од работата како книжар-авантурист на овој остров.

Photo: Booking

На претходните огласи за оваа позиција се пријавувале луѓе од сите страни на светот со различни професионални профили, кои сакале барем на шест месеци да избегаат од секојдневието, па така имало апликации од: филмски режисери, адвокати, поети, ИТ- менаџери, па дури и вработени во Белата куќа.

Ако сакате да се пријавите – треба да побрзате бидејќи огласот трае до 30 Септември 2020, а сите потребни информации за да аплицирате може да ги најдете на овој ЛИНК.

За да добиете слика за работната средина – ресортот “Soneva Fushi” може да го разгледате на овој ЛИНК.

Инаку, на Малдивите има многу мал број на заболени од корона вирусот, а овој остров е “corona free”, воедно има свој медицински центар и ригорозни процедури за тестирање, па затоа се смета за прилично безбедно место за престој.