Грција и Црна Гора остануваат со затворени граници за македонските граѓани

916
Photo: Joshua Hoehne/Unsplash

Грција и Црна Гора остануваат со затворени граници за македонските граѓани и се уште не се знае кога најрано би можеле да ја кренат рампата.

Портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас одговарајќи на новинарско прашање денеска изјави:” Во овој момент не постојат препораки за отворање за други земји. Забележуваме пораст на пандемијата, според тоа во овој момент не постојат препораки за отворање за дополнителни земји. Ако произлезе такво нешто, одново ќе разгледаме.”

Црна Гора објави нова, дополнета “зелена листа” за слободен влез на нејзината територија за граѓани на: Азербејџан, Белорусија, Русија, Канада, Украина и Зимбавбе. Македонија не се најде ни на “жолтата листа” на Црна Гора, на која се наоѓаат држави чии граѓани може да влезат во оваа држава со прикажување на негативен ПЦР тест. На оваа жолта листа се: Албанија, Косово и Босна и Херцеговина.

Со негативен ПЦР тест македонските граѓани може да влезат во Бугарија, а без ПЦР тест може да патуваме во Србија, Албанија, Турција и Египет. Во Хрватска исто така може да се влезе со прикажување на негативен ПЦР тест, но треба да се покаже и резервација за престој.