Оваа година дозволете си да ве понесе новогодишната атмосфера и почувствувајте ја убавината на празниците во еден од најдобрите европски градови за време на новогодишната ноќ и божиќните празници.
Уживајте во убаво украсените градови, божиќните базари, вкусните новогодишни колачиња и традиционална храна, во дневни прошетки згреани со варено вино и вечери во магијата создадена од милиони сијалички во разновидни форми и бои.
Божиќна и новогодишна атмосфера со базарите започнува од 15 Ноември, па веќе е време да се одлучите за посета на еден од овие 5 града во Европа, кои се издвојуваат како најубави градови за посета за време на овие празници:
1. Загреб, Хрватска
Загреб е трикратен добитник на наградата “Најдобар божиќен базар” во Европа и тоа е максимален број пати еден град да ја добие оваа титула. За време на божиќните празници овде има околу 25 различни базари кои ги оживуваат плоштадите и шеталиштата. Не пропуштајте да пробате гурмански специјалитети како кнедли и сарма, а посебен впечаток оставаат и рачно изработените дрвени играчки од Хрватско – Загорскиот регион, занает кој е на списокот на нематеријално културно наследство на УНЕСКО.
Уживајте за време на новогодишните празници како од бајка во Загреб:
2. Будимпешта, Унгарија
Вака изгледа Будимпешта за време на новогодишните празници:
3. Виена, Австрија
Ваква е атмосферата во Виена за време на божиќните празници:
4. Париз, Франција
Париз ќе ве магепса со оваа магична божиќна атмосфера:
5. Лондон, Обединето Кралство
Велат Лондон е најубав за време на божиќните празници, a навистина има и зошто:
Во овие градови, освен со автомобил или автобус, во сопствена режија или со тура организирана од страна на некоја од нашите туристички агенции, може да отидете и со авион – за секоја од наведените дестинации постои директна авионска линија од Скопскиот аеродром: за Загреб со Croatia Airlines и SAS, за Виена со Austrian, a за Будимпешта, Париз и Лондон со Wizz Air.
Уживајте во магични последни денови од оваа година и во убав почеток на наредната година.