Сите чекаме што побрзо да заврши пандемијата и конечно да почнеме повторно да патуваме како и претходно, да ги посетиме туристичките места кои одамна сме планирале да ги посетиме или едноставно да тргнеме на пат и да видиме каде ќе не’ однесе.
Ако сте од оние патувачи кои не сакаат да бидат разочарани од некоја популарна дестинација или туристичка атракција, читателите на Reddit.com се изјаснија кои се наjпреценети туристички атракции во светот:
1. Мона Лиза во Лувр во Париз – “Тоа е само мала слика која виси на ѕид далеку од вас во преполна просторија со туристи. Не ме сфаќајте погрешно, сликата е преубава, но не се исплати да се оди во Лувр само заради неа. Има многу други уметнички дела кои во живо се поимпресивни од Мона Лиза.”
2. Дубаи – “Ако сакате цел ден да го поминете во климатизирана зграда, па потоа да отидете во климатизирана подрумска гаража како би влегле во климатизиран автомобил и би возеле до друг климатизиран подрум во друга климатизирана зграда, тогаш ова е град за вас.”
3. Монт Еверест – “Луѓе плаќаат шерпаси да им гo носат багажот и избегнуваат опасни предели. Многу од нив имаат шатори со греење. Редот за фотографирање на врвот е предолг и опасен, бидејќи луѓето не се навикнати на таква височина.”
4. Холивуд – “Најразочарувачкото место на светот, прекриено со ѓубре и урина.”
5. Холивудската патека на славните – “Не сум видел понечиста патека.”
6. Пиза – “Освен малиот плоштад каде сите се сликаат во глупави пози покрај кривата кула, во Пиза нема ништо друго да се види. Во Тоскана сте, одете во било кој друг мал град, повеќе ќе уживате.”
7. Париз – ” Јапонците очекуваат Париз да е толку многу роматичен, па дури и имаат термин ‘Париски синдром’ што значи изненаден шок кој јапонските туристи го доживуваат кога ќе видат дека Франција не е таква како што си ја замислувале.”
8. Египет – ” Целата убавина на престарата цивилизација во потполност е засенета од ужасната модерна цивилизација. Замислете ги најлошите делови на Индија и само додадете песок.”
9. Плоштадот Time Sguare во Њујорк за дочек на Нова Година. “Ако знаеш, знаеш.”
10. Бали – ” Беше убаво пред десет години, но сега го уништија инфлуенсери.”
Потоа листата продолжува со:
11. Лас Вегас, САД
12. Стоунхенџ во Велика Британија
13. Обединети Арапски Емирати
14. Октоберфест во Минхен
15. Мурал со крила во Нешвил, САД
16. Даблин – Тhe Temple Bar area
17. Брисел во Белгија
18. Палма де Мајорка во Шпанија
19. Мајами – South Beach
20. Таџ Махал во Индија
Секако, ова се мислења на дел од луѓето кои ги посетиле овие атракции и се разочарале од виденото, но не мора да значи дека секој турист на ист начин ќе ги доживее овие дестинации.