Најчесто посетени држави во светот се: Шпанија, Италија, Франција, САД и Кина, на кои припаѓаат дури 30% од интернационалните патувања. Но, има и многу други интересни држави за посета, кои за разлика од овие пет држави, се многу помалку популарни туристички дестинации, дел од нив – оправдано (заради нестабилна, воена состојба и сл), дел – неоправдано.
Ова се 10 најретко посетени држави во светот, со податок од 2019 година (заради пандемијата од Covid-19, 2020 година не е репер за вакви статистики):
10. Сао Томе и Принсипе – 8.000 посетители на годишно ниво.
9. Ниуи – 8.000 посетители на годишно ниво.
8. Либија – 6.250 посетители на годишно ниво.
7. Маршалски острови – 6.000 посетители на годишно ниво.
6. Екваторијална Гвинеја – 5.700 посетители на годишно ниво.
5. Јужен Судан – 5.500 посетители на годишно ниво.
4. Кирибати – 4.000 посетители на годишно ниво.
3. Тувалу – 2.000 посетители на годишно ниво.
2. Сомалија – 1000 посетители на годишно ниво.
1. Науру – 200 посетители на годишно ниво.
Ако сакате да истражувате нови, неизвикани места, без притоа да бидете опкружени со илјадници други туристи и да уживате сосема сами на убави, долги песочни плажи и тиркизно море, дел од овие најретко посетени држави може да ги посетите во една тура.
Young Pioneer Tours e агенција која ве води на дестинации за кои вашата мајка би сакала да се држите настрана, по нискобуџетни цени. Тие нудат 5 различни тури за посета на најретко посетените држави, започнувајќи од 17-ти и 25-ти Декември 2021 година, во времетраење од 11 до 29 дена, со почетна цена од 5.290 долари по лице.
Овие тури може подетално да ги разгледате овде:
Ако сте патувач спремен за авантура и уживање во непознатото – ставете ги на листа за посета овие 10 најмалку откриени туристички дестинации.