Не постои држава во светот која не се соочува корупција, при што некои држави се поуспешни, а некои помалку успешни во борбата против корупцијата.
Невладината организација Transparency International со седиште во Германија, ја дефинира корупцијата како злоупотреба на јавната моќ за приватна корист, а неуспехот да се контролира корупцијата ја разгорува глобалната криза во демократијата.
По спроведено истражување за корупција, во кое е направена карактеризација на 73 земји, составена е листа на 10 најкорумпирани земји во светот.
Се смета дека Колумбија е накорумпирана земја во светот. Се проценува дека во Колумбија 14 милијарди долари годишно отпаѓаат на трошоци поврзани со корупција. Двајца од петорица анкетирани Колумбијци рекле дека многу голем број или сите полициски службеници се корумпирани. Нерегуларни плаќања и мито се даваат за да се добијат поволни судски одлуки.
На второ место се наоѓа Мексико – познато по смртоносните картели за дрога. Поткупот, проневерата и корупцијата во набавките се вообичаенa практика во мексиканската државна администрација.
Понатаму листата на 10 најкорумирани држави продолжува со:
3. Гана
4. Мјанмар (поранешна Бурма)
5. Гватемала
6. Саудиска Арабија
7. Бразил
8. Кенија
9. Боливија
10. Русија
Русија се најде во Топ 10 откако претходната година беше рангирана на 12 место, меѓу другото и заради сомнежи и обвинувања за изборно местење и Олимписки допинг.