Премногу дестинации, прекратко време за сите да се посетат… Сепак, ако ви недостасува инспирација за да испланирате патување и за да се спакувате, ви споделуваме дел од најпознатите цитати за патувања, кои ќе ве потсетат на смислата за посетување на нови дестинации и запознавање на различни култури на сите четири страни во светот.
- Светот е книга и оние кои не патуваат – читаат само една страница од неа. (Augustine of Hippo)
- Барем еднаш годишно отиди на некое место каде што не си бил претходно. (Dalai Lamа)
- Не сите кои талкаат се изгубени. (J.R.R. Tolkien)
- Никој не може да го открие светот за некој друг. Само кога сами ќе го откриеме може да ни стане заедничко место и заедничка граница каде сакаме да се пронајдеме себе. (Wendell Berry)
5. Патувањето е како бракот – ќе згрешиш ако го контролираш. (John Steinbeck)
6. Вистинскиот патник не остава траги. (Lao Tzu)
7. Додека не тргнав да патувам, никогаш не знаев дека светот може да биде прекрасно лудило. (Justina Chen)
8. Патувањето е најдобар учител. Единствениот пат до отворениот ум е качување во авион и летање ширум светот. (C. JoyBell C.)
9. Патувај толку далеку колку што е потребно да се пронајдеш себе си. (David Mitchell)
10. Дваесет години одсега ќе бидете повеќе разочарани од работите што не сте ги направиле, отколку од оние што сте ги направиле. Затоа, отпловете од сигурното пристаниште, фатете ги ветровите на вашето едро. Истражувајте. Сонувајте. Откривајте. (Mark Twain)