Кој град не ги исполнил вашите очекувања, кои сте ги имале пред да го посетите? Ова разочарување кое туристите го доживуваат по посета на одреден град за кој претходно имале големи очекувања, е познато како “Париски синдром”, именуван според Париз – град кој е симбол за неисполнетите високи очекувања на неговите посетители, разочарување од идеализираната дестинација кога ќе се соочат со реалноста во градот.
Компанијата Radical Storage направила истражување за град кој е најголемо разочарување за туристите, базирано на над 825.000 прегледи на TripAdvisor, според кое дошле до резултат дека Орландо на Флорида, САД е најлошо оценет град.
Една од пет критики за Орландо е негативна на TripAdvisor, а посетителите искуството од посетата на овој американски град го опишуваат како “страшно” и неговите жители – “груби”. Инаку, во Орландо се наоѓа Дизниленд (Disney World), па голем број од туристите одат во овој град заради посета на забавниот парк.
Топ 10 градови кои се најголемо разочарувањe за туристите:
- Орландо, САД (со 19,52% негативни коментари)
- Џакарта, Индонезија (со 13,49 % негативни коментари)
- Патаја, Тајланд (со 10,50 % негативни коментари)
- Денпасар, Индонезија (со 9,98% негативни коментари)
- Гуилин, Кина (со 9,70% негативни коментари)
- Јоханесбург, Јужна Африка (со 9,25% негативни коментари)
- Да Нанг, Виетнам (со 9,17% негативни коментари)
- Ха Лонг, Виетнам (со 9,15% негативни коментари)
- Шенжен, Кина (со 9,05% негативни коментари)
- Пекинг, Кина (со 9,01% негативни коментари)
Целото истражување може да го прочитате овде:
The Paris Syndrome Report: Which Cities Underwhelm Tourists the Most?