ТАВ најави нова сезонска авиолинија од Скопје која ќе гo поврзе балканскиот со балтичкиот регион. Од мај 2024 година, AirBaltic ќе не’ поврзе со директен лет до Латвија, два пати неделно. Сезонските летови Скопје – Рига – Скопје ќе се одвиваат од 3 мај до 30 септември 2024 година.
Од ТАB инфомираат: “Воведувањето на нов лет до Рига од скопскиот аеродром и додавањето на airBaltic како нова авиокомпанија во портфолиото на ТАВ, како и влегувањето на авиокомпанија на македонскиот авијациски пазар е одлична вест. Ова дополнување ќе им овозможи на клиентите беспрекорен пристап до многу културни, историски и деловни дестинации. Оваа нова авиолинија не само што ќе ја подобри поврзаноста, туку и ќе им овозможи на патниците да ги истражуваат овие различни региони со леснотија и удобност – Рига, со својот волшебен спој на историја, култура и современост, во исто време и бизнис-центар во балтичкиот регион, и Скопје и балканскиот регион, со своето историско значење, природни убавини, кујна и гостопримство. Честитаме на airBaltic и ја цениме нивната одлука, бидејќи оваа нова авиолинија ќе ги поврзе балтичкиот и балканскиот регион.”