Авиокомпанијата Wizz Air ќе ги редуцира летовите од својата база во Скопје за време на зимскиот период кој следи, информира специјализираниот портал Exyuaviation.com.
До пролет, т.е до крајот на Март 2021 година Wizz Air од Скопје нема да лета за: Барселона (Шпанија), Бремен (Германија), Хановер (Германија), Ларнака (Кипар), Сандерфјорд (Норвешка), Скавста (Шведска) и Вешо (Шведска), како и до Салцбург (Австрија) – линија која е укината од претходно. Во текот на зимата ќе продолжи да одржува авионски линии од Скопје до други 23 европски дестинации, но и тие може да подлежат на промени.
Инаку, Скопје е најголемата и најпрометна база на Wizz Air во поранешна Југославија, со тоа што минатата година дури 60% од сите патнички летови од главниот град на Македонија припаѓаат на оваа нискобуџетна авиокомпанија. Минатата година компанијата го стационираше во Скопје својот петти по ред авион.
Македонската влада на крајот на 2019 година објави дека ќе инвестира 1,7 милиони евра во авионскиот сектор на земјата и најголем дел од овие средства беа наменети за Wizz Air – за воведување на нови авионски линии.