Грција ги составува правилата кои ќе треба да се почитуваат за да може да се оди на летен одмор во оваа држава.
Грчкиот министер за туризам Харис Теохарис, најави дека Грција ќе започне да прима странски туристи од 1-ви Јули и најверојатно нема да биде задолжително тестирање за Covid-19 пред влегување во државата, имајќи во предвид дека 1-ви Јули е сеуште далеку. Првичниот предлог е сите туристи кои ќе влегуваат во Грција да бидат тестирани, но се очекува ситуацијата со вирусот да се смени на подобро до 1-ви Јули, така што најверојатно нема да биде задолжително тестирањето.
Мерките сеуште не се дефинирани до крај и тие ќе бидат договарани на билатерално ниво со здравствените власти од регионот, со што наскоро ќе се најде решение за сите земји од Балканот – изјави министерот Теохарис.