Photo: Nick Karvounis/Unsplash

На интернационалниот туристички саем International Tourism Fair ITB Berlin денес свое обраќање имаше грчкиот министер за туризам – Харис Теохарис, на кое изјави дека Грција се надева и планира да ја започне летната туристичка сезона од 14-ти мај, но само за оние туристи кои се вакцинирани против Covid-19, кои имаат антитела или кои ќе прикажат негативен PCR тест. Исто така, по случаен избор ќе се тестираат патници кои ќе сакаат да влезат во Грција.

Министерот Теохарис го претстави и слоганот на туристичката сезона: „Сè што ви треба е Грција“ и ја покани меѓународната јавност да ја посети Грција оваа година за да ги заборави „непријатните спомени“ од минатата година. Многу посакуваниот и потребен одмор во Грција, вели тој, „повторно ќе ви ја врати насмевката на лицето, со надеж дека ќе си го вратите животот во нормала, по тешкотиите во изминатата година.”

Теохарис, исто така, истакна дека сите трошоци кои може да се појават во врска со Covid-19, вклучувајќи и хоспитализација, ќе бидат покриени од страна на Грција, без трошоци за туристите.

Поопширно може да прочитате на www.greekreporter.com