Photo: Facebook page Царинска Управа

Дали знаете колку кутии цигари или колку литри алкохол можете да внесете во државава? Или пак колкава сума на пари во готовина е дозволена за влез и излез?

Царинската Управа информира:

ШТО МОЖЕТЕ ДА НОСИТЕ ПРИ ВЛЕЗ И ИЗЛЕЗ ОД ДРЖАВАТА?

ДОЗВОЛЕН ВНЕС НА ПРЕРАБОТКИ ОД ТУТУН:

• 200 ЦИГАРИ
• 100 ЦИГАРОЛОСИ
• 50 ПУРИ
• 250 гр. ТУТУН

ДОЗВОЛЕН ВНЕС НА АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ:

• 2 ЛИТРИ АЛКОХОЛ ДО 22%
• 1 ЛИТАР АЛКОХОЛ НАД 22%

ДОЗВОЛЕН ВНЕС И ИЗНЕС НА ПАРИ ВО ГОТОВИНА:

• ПРИ ИЗЛЕЗ ДО 2.000 €
ИЗНОСОТ ОД 2-10.000 € ТРЕБА ДА ГО ПРИЈАВИТЕ И ДА ПРИЛОЖИТЕ ДОКАЗ ЗА ПОТЕКЛО ОД БАНКА ИЛИ МЕНУВАЧНИЦА
• ПРИ ВЛЕЗ ДО 10.000 €
СЕКОЈ ИЗНОС НАД 10.000 € ТРЕБА ДА СЕ ПРИЈАВИ

ДОЗВОЛЕН ВНЕС НА ПАРФЕМИ:

• ПАРФЕМИ ДО 50 МИЛИЛИТРИ
• ТОАЛЕТНА ВОДА ДО 250 МИЛИЛИТРИ

ДОЗВОЛЕН ВНЕС НА СТОКА ОД НЕКОМЕРЦИЈАЛНА ПРИРОДА:

СТОКАТА* КОЈА ЈА ВНЕСУВАТЕ ОД СТРАНСТВО ВО ВРЕДНОСТ
ДО 350 € Е ОСЛОБОДЕНА ОД ПЛАЌАЊЕ НА УВОЗНИ ДАВАЧКИ, ДОКОЛКУ ИСТАТА Е ОД НЕКОМЕРЦИЈАЛНА ПРИРОДА

* (со исклучок на алкохолни пијалоци, преработки од тутун, парфеми и тоалетна вода)

ПРЕНОС НА МИЛЕНИЦИ:

ЗА СЕКОЈ ДОМАШЕН МИЛЕНИК СОПСТВЕНИКОТ ТРЕБА ДА ИМА:

• ПАСОШ
• ВЕТЕРИНАРНО-ЗДРАВСТВЕН СЕРТИФИКАТ

Подетални информации може да најдете на веб сајтот на Царинска Управа.