Photo: www.patokolusvetot.mk

Бидејќи нема директен лет од Скопје и Охрид за Лисабон и Закинтос, може да летате со нискобуџетната авиокомпанија Wizz Air кон овие летни дестинации од Београд, Србија.

Ова се две од вкупно четири нови авиолинии кои Wizz Аir ги воведе од Београд (останатите 2 се Берлин и Копенхаген, но до овие две дестинации Wizz Air има летови и од Скопје).

До главниот град на Португалија – Лисабон може да летате почнувајќи од 69 евра во еден правец, а до Закинтос, грчкиот остров познат по убавите плажи – од 90 евра во еден правец.

Освен до овие две летни дестинации, од Београд со Wizz Air може да летате и до уште неколку дестинации за кои нема директни летови од нашата држава: до островот Крит (Хераклион), до Барселона, Шпанија и монденското Абу Даби (ОАЕ).