Скоро пред секое тргнување на пат надвор од државата проверуваме дали сме го спакувале и пасошот и дали е истечена неговата важност, за да не си направиме непријатност на граничен премин и да не’ вратат назад. Но, таков проблем нема една личност во светот – единствено британската кралица Елизабета Втора може да патува секаде во светот без пасош.
Оваа привилегија ја има исклучиво кралицата Елизабета Втора и не важи за другите членови на британското кралско семејство. Сите британски пасоши се издаваат од име на кралицата.
Ликот на кралицата Елизабета Втора го има и на парите каде таа е владетел: во Велика Британија, Канада, Австралија, Нов Зеланд и уште 12 кралски земји од Комонвелтот.
Инаку, кралицата Елизабета Втора, која е родена на 26 април 1926 година, е владетел со најголем стаж во британската монархија, надминувајќи ја кралицата Викторија (која била кралица 63 години и 216 денови) во септември 2015 година.