По целосно реновирање, најголемиот хотел во поранешна Југославија, “Бриони” повторно е отворен за гости.
Хотелот се наоѓа во Пула, Хрватска, оддалечен 4 км од центарот на Пула, на брегот на Јадранското море, опкружен со густа, борова шума. Гостите може да уживаат во ова модерно и луксузно здание со 230 хотелски соби и во сите дополнителни содржини кои ги нуди хотелот, како фитнес и спа третмани, и во рестораните и баровите кои се посветени на гастрономско уживање, со најдобар избор на храна и пијалоци.
По реновирањето од страна на Arena Hospitality Group во соработка со Radisson, кое чинело 34 милиони евра, објектот е повторно во функција како Grand Hotel Brioni Pula.
Ако сакате да уживате во хотелот и прекрасниот поглед на Јадран – моменталната цена за едно ноќевање со појадок во стандардна соба за двајца со поглед на парк изнесува 275 евра, со поглед на море изнесува 323 евра, па се’ до 1700 евра за сместување во Grand апартман од 61м2.
Погледнете како изгледа и што се’ содржи овој извонреден хотел:
Отворањето на хотелот во почетокот на 70-тите години од минатиот век било планирано со цел да ги угости меѓународните филмски ѕвезди кои доаѓале на филмскиот фестивал во Пула.