Иако беше најавена и требаше да стапи во сила одлуката за влез за туристи во Венеција да се наплаќа од 1 јануари 2023 година, одложена е за 6 месеци и засега може да влезете без да платите.
Со оваа одлука треба да се ограничи бројот на посетители на Венеција на дневно ниво, но и да се зголеми квалитетот на туризмот во овој уникатен, европски град.
Венеција годишно ја посетуваат околу 7.000 000 туристи од секаде низ светот и ќе биде прв град кој ќе воведе ваков систем за наплаќање на влез.
Се’ уште не е точно дефинирано колку ќе чини таксата за влез во градот, но ќе се движи од 3 до 10 евра по лице и ќе мора да биде со претхoдна резервација, а ќе се однесува за централното подрачје на Венеција.
Влезница за Венеција нема да плаќаат туристи кои се сместени во хотел во градот, бидејќи така веќе платиле такса за престој, исто така и жителите на Венеција, оние кои поседуваат имоти во градот, како и сите оние кои живеат во регионот Венето, студенти и вработени кои доаѓаат заради здравствени причини, спортисти кои учествуваат во спортски натпревари, полиција, војска и лица кои треба да присуствуваат на судење.
Ако сакате да ја посетите Венеција, може да ги искористите овие 6 месеци без да платите такса за влез, а со Wizz Air може директно да летате од Скопје, два пати неделно. Aвионските карти за оваа линија се со достапни цени од 1.400 денари па нагоре, за еден правец.
Во Венеција треба да се ужива барем еднаш во животот.