Photo: www.patokolusvetot.mk

И во Скопје се следат светските трендови во уредување на кафулиња и ресторани, па така од пред неколку месеци и кај нас постои 2д бар.

Photo: www.patokolusvetot.mk

Случајно налетавме и пријатно се изненадивме – по Сеул во Јужна Кореја, Токио во Јапонија, Санкт Петербург во Русија, Мадрид во Шпанија и Париз во Франција – и во Скопје може да испиеме кафе во бар со дводимензионален, црно – бел ентериер и да се почувствуваме како да сме влегле во бајка, боенка или цртан филм.

Photo: www.patokolusvetot.mk

Сместен во центарот на Скопје, подеднакво интересен и внатре и надвор, Бајка 2Д Бар секако е одлично место за правење на несекојдневни и интересни фотографии, уживајќи во кафе или друг пијалок, преку ден или навечер, со љубезен персонал.

Photo: www.patokolusvetot.mk

Барот го привлекува вниманието на секој минувач, па не двоумете се да го посетите. И ние не одолеавме, па го фотографираме од скоро секој агол. Браво за идејата и Скопје да има свој 2д бар.

©patokolusvetot.mk  Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон