Секој патувач одвај чека да тргне на ново патување и често куферот му е спакуван неколку дена порано, но постојат и работи кои не се баш многу омилени, а се составен дел од секое патување.
Патувачи од цел свет преку анкета на Фејсбук група за патувачи си ги кажаа своите патувачки “маки” и се изјаснија кои им се најнеомилените работи при патување.
10 Најнеомилени работи при секое патување се:
- Плаќање за патувањето.
- Враќање дома од патувањето. (секогаш ни фали барем уште еден/два дена плус на дестинацијата)
- Отпакување на куферот кога ќе се вратиме од патување.
- Пакување на куферот пред патување.
- Чекање во долги редици на аеродром/железничка станица/автобуска станица.
- Недостасување на домашното милениче додека сме на пат.
- Патување од/до аеродром.
- Џет лег.
- Патување со авион.
- Долг авионски лет.
Дали се сложувате и имате да додадете уште нешто?
Ако имате проблем со џет лег при патување, прочитајте како најлесно да го надминете: