Како и претходните години, и оваа година нашите туристички агенции го нудат Египет како дестинација за летен одмор.
Освен уживање и одмарање во ресорт со убави плажи и вкусна храна, искористете го одморот за подобро да го запознаете Египет и целата цивилизација, па во вашиот одмор вклучете и:
1. Посета на пирамидите и Каиро (не треба да се пропушти да се посети и Националниот музеј на Египет).
2. Посета на Луксор (каде што се наоѓа и храмот на кралицата Хатшепсут).
3. Посета на Долината на кралевите (каде што се наоѓа и најдобро зачуваната гробница на фараонот Тутанкамон).
4. Нуркање во Црвеното море – едно од најживописните мориња во светот.
5. Посета на Рајскиот остров (Paradise island) – ненаселен остров за дневни тури кој наликува на Малдиви.
6. Сафари во пустина.
Уживајте во откривањето на Египет, егзотична земја која ако еднаш сте ја посетиле – сигурно ќе посакате барем уште еднаш да се вратите таму.