Од 1 мај се воведува бесплатен железнички превоз за неколку категории на граѓани во државава.
Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за транспорт и врски и Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД Скопје, донесе одлука да се воведе бесплатен превоз за железничкиот сообраќај, согласно мерките за намалување на трошоците за живот на граѓаните.
Од 1 мај бесплатен железнички превоз ќе можат да користат:
– Mлади лица до 27 години, секоја прва и трета недела во месецот, во период на викенд денови од петок од 12 часот, до понеделник до 12 часот.
– Стари лица – жени над 62 години и мажи над 64 години секој втор викенд во месецот (петок, сабота и недела).
– Бесплатен превоз за студенти секој четврток.
– Ученици во средното образование – еднаш неделно во среда.
Бесплатниот железнички превоз се воведува согласно возниот ред на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД – Скопје за 2022 година.