Колку пати до сега ви се случило да пребарувате цени за авионски карти и цената на картата да варира од ден за ден, а понекогаш и од час во час?!
Според истражување кое го направила компанијата FareCompare.com најдобар ден за купување на најисплатлива, најевтина авионска карта е вторник во 15 часот, според Источно стандардно време (EST). Ова е последица на тоа што многу авиокомпании објавуваат добри понуди за авионски билети во понеделник вечер, а до вторник попладне другите авиокомпании се трудат да достигнат конкурентни цени, па така вторник попладне е најдобро време за ловење на најисплатлива авионска карта.