Photo: Alexandre Lallemand from Unsplash.com

Формулар кој ќе треба да го пополни секој патник од држава која не е членка на Европската Унија и патник кој нема живеалиште во ЕУ, за да влезе на нејзина територија, се најавува со воведување на ETIAS (European Travel Information and Authorisation System).

Овој формулар за влез во ЕУ е најавено да почне да се применува од мај 2023 година и ќе чини 7 евра (освен за помлади од 18 години и постари од 70 години), а предвидено е да се одобрува за неколку (до максимум 72) часа по аплицирањето, а во посебни случаи одобрувањето би траело 30 денови.

Формуларот ќе се пополнува online/електронска апликација и одговор ќе пристигнува на е-маил, а ако некое лице е одбиено, ќе може да поднесе жалба во рок од две недели.

Добиеното одобрување за влез во ЕУ ќе важи три години или до истекот на пасошот со кој е аплицирано за барањето.

Поопширно за ETIAS може да прочитате ТУКА.