Photo: www.patokolusvetot.mk

Убаво, сончево време е идеално за прошетка низ старата, турска чаршија во Скопје. Прошетајте по тесните улички преполни со продавнички и занаетчиски работилници, но и со многу кафулиња и ресторани со превкусна храна. Старата чаршија е омилено место на многу Скопјани, но и место кое не пропуштаат да го посетат сите странски туристи кои го посетуваат нашиот главен град.

Во чаршијата уживајте во пријатната атмосфера и пробајте: кафе во кокосов орев, свежо цеден сок сервиран во свеж ананас, турско кафе сварено на жежок песок, макијато во различна боја и со повеќе вкусови и уште многу други интересни пијалоци кои нема да ги сретенете во други кафулиња низ градот:

Photo: www.patokolusvetot.mk
Photo: www.patokolusvetot.mk
Photo: www.patokolusvetot.mk

Не пропуштајте да пробате и лахмаџун, пиде, вкусни орасници и локум, како и да посетите изложба во Чифте Амам или Даут Пашин Амам, да прошетате низ Капан Ан или пак да отидете на концерт или друго културно збиднување во Куршумли Ан.