Photo: Igor Dzartovski

Епидемијата на вирусот Ковид-19 минатата година го стави светот во мирување и по првата паника, патувањето се сведе само на летање за репатријација или заради некоја неодложна работа. Leisure travel особено на големи дестинации за многу луѓе е се уште незамисливо, но не и неизводливо.

Во екот на пандемијата јас сепак се решив да го прелетам океанот и да се упатам кон една контроверзна дестинација – Бразил и поминав околу 6.000 км од север до југ, без некои поголеми проблеми. Пандемиско интерконтинентално патување претставува ризик и идејата е истиот да се минимизира.

Photo: Igor Dzartovski

Еве ги моите искуства:

  1. ДЕТАЛНО ПЛАНИРАЊЕ

Додека ние мислиме дека целиот свет стои или е затворен, во реалност тоа не е баш така. Луѓето летаат насекаде, аеродромите и не се толку празни како што гледаме од медиумите. Секоја држава има свои правила за влез, транзит, тест, карантин и слично. Детално проверете кои се условите за влез, но и за транзит ако летате преку некоја трета држава. Јас го користам сајтот Kayak.com, каде што ги има последните информации за рестрикции интуитивно покажани во една мапа.

Имајте во предвид дека правилата можат да се сменат за еден ден, дури и додека сте во транзит. Можеби сте тргнале со негативен тест, но не значи дека нема да завршите во 14- дневен карантин.

Photo: Igor Dzartovski

 

  1. ПАТНИЧКО/ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

Додека за просечниот македонски турист, патничкото осигурување е проформа документ и се бира најевтиното “колку да се има”, во нашата нова реалност ова е убедливо најважниот документ кој треба да го поседувате! Заборавете на домашните понуди, само неколку светски компании имаат пакети кои конкретно покриваат и трошоци во случај на лечење од Ковид-19. Некои држави дури и го бараат ова осигурување покрај негативен тест во барањата за влез. Осигурувањето не е евтино, но замислете се во ситуација на болест каде што трошоците можат да станат астрономски!

Совет: Користете го осигурувањето на Heymondo (https://heymondo.com) со кое добивате посебна полиса за Ковид-19, која исто така покрива голем број и други несакани ситуации, а со него имате и апликација на телефон со која можете лесно да побарате совет или да искомуницирате со нив во случај на потреба.

Photo: Igor Dzartovski
  1. ЛЕТАЊЕТО И ТРАНЗИТОТ НЕМА ДА СЕ ЕДНОСТАВНИ И УДОБНИ

Подготвени ли сте да носите маска КН95 со наочари или визир 24 саати? Тогаш сте спремни за летање.

Покрај веќе јасните правила за носење маска во авион и по аеродроми, паузата помеѓу летови која порано била два саати, сега е 10-20 саати! Авиокомпаниите едноставно имаат многу помала фрекфенција на летови и конекциите се многу поретки. Бидете спремни на долги чекања по аеродромите и во секакви редици за контрола. Авиоиндустријата нема да дојде на предпандемиско ниво пред 2024/2025 година, што значи овој проблем ќе остане и во наредните години.

Совет: Доколку имате конекција подолга од 10 саати, овој сајт е одличен збир на информации за преспивање по аеродроми:

Home

 

Доколку сакате нормален сон на поголемите аеродроми (како новиот Истанбулски ИГА) има хотели кои се во транзит зоната.

Добра идеја е да платите дневен престој во некој од lounge-овите, доколку немате некоја frequent flyer програма, или пак искористете ја иновативна понуда на капсули за преспивање – sleeping pods, кои се изнајмуваат на саат и се одлична алтернатива за добар сон.

Многу од авиокомпаниите драстично го имаат редуцирано својот сервис за храна и пијалоци на летовите (заборавете на виното), па идејата за носење на додатна храна и не е толку лоша во моментов. Кабинскиот персонал сега е задолжен повеќе за контрола дали носите маска, отколку за сервис и задоволство.

И покрај дилемите, авионскиот транспорт е најсигурен облик на транспорт за време на пандемија.

Photo: Igor Dzartovski

 

  1. КОНЕЧНО НА ПОСАКУВАНАТА ДЕСТИНАЦИЈА

Имајте во предвид дека работите на вашата дестинација нема да изгледаат како што сте ги замислиле. Бидете спремни на постојано менување на правила, рестрикции и бидете секогаш на готовс. Некои од правилата кон кои строго се придржував: Носење маска буквално насекаде, па дури и на плажа; Користење исклучиво на Убер и рентакар, bike sharing, избегнување јавен превоз и генерално избегнување секаква лична и пролонгирана интеракција со локалците колку и да делува привлечна и спонтана (посебно во Бразил!). Бидете спремни на фактот дека нема да ја искусите локалната култура на нормален начин, можеби некоја туристичка атракција ќе е затворена, но тоа е цената која треба да се плати во вакви вонредни услови.

Photo: Igor Dzartovski

  

  1. ИМАЈТЕ РАЗРАБОТЕНО СЕКАКВО СЦЕНАРИО

Во текот на патувањето може да се случи се и сешто. Може да има суспензија на летот за назад, може да се затворат границите, може сите болници да се наполнат со пациенти, па да нема место и покрај осигурувањето, што е едно од најлошите работи кои можат да се случат. Имајте отворена карта (open ticket) + осигурувањето кое ќе ви овозможи брза евакуација, доколку се случи нешто непредвидливо. Чини малку повеќе, но ви дава многу поголема флексибилност. Ментално бидете спремни дека патувањето може да се усложни или прекине во било кој момент. И носете една голема кеса со лекови.

Photo: Igor Dzartovski

 

  1. МИСЛЕТЕ НА СВОЕТО ЗДРАВЈЕ AMA И НА ЗДРАВЈЕТО НА СИТЕ

Можеби најчудниот момент се случи по слетувањето на нашиот аеродром, каде што без проблем ме пуштија да влезам (без карантин) и покрај тоа што кажав дека доаѓам од Бразил, една од најпогодените земји од пандемијата и извор на нова варијанта на виусот!

По враќање од дестинации посебно каде што постојат нови варијанти, треба до одите 14 дена во доброволен карантин, без разлика дали тоа се бара од вас или не, или 10 дена со правење на ПЦР тест, без исклучоци. Можеби сакате да се видите со најблиските веднаш по слетувањето, но најдобро е тоа да го одложите за 14 дена.

Photo: Igor Dzartovski
  1. НЕ Е СЕ ТОЛКУ ЦРНО

Патување во време на пандемија носи и некои предности. Многу од туристичките атракции кои биле преполни со луѓе, сега се полупразни или дури можете да ги имате само за себе! Има огромна понуда на сместување (дали е тоа преку Airbnb или Booking) по многу ниски цени. Локалците се пољубезни, па дури и изненадени кога ќе ве видат дека сте турист. На пример, локациите од листата на Anthony Bourdain се полни само со локалци и се автентични како пред славата. Пандемијата го уништи мега-туризмот (една позитивна работа!) и тоа така и ќе остане во наредните години. Оној кој е малку поавантуристички расположен, може да го искористи тоа во времето кое доаѓа.

Photo: Igor Dzartovski

Патувајте, не се плашете, бидете секогаш со сите чула отворени, пазете се и не бидете себични!

Автор на текст и фотографии: Игор Џартовски

©patokolusvetot.mk  Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон