Во последните години во државава забрзано се развива винскиот туризам, благодарение на винарските визби кои ги имаме во поголем број и кои работат на своја промоција, добиваат светски награди и признанија и градат сместувачки капацитети во склоп на винариите.
Британскиот веб сајт lastminute.com направи Wine Travel Index – Tоп листа на туристички дестинации рангирани според вински туризам, наменета за сите љубители на виното. На листата, Македонија го завзема 19-то место, од вкупно 30 рангирани држави.
Според сајтот, во Македонија има 5 винарии кои се отворени за јавност, 3 винарии во кои може да дегустирате вино и вкупно 157 освоени награди за вината на македонските винарии.
На листата се наоѓаат и нашите соседи: Србија, Грција и Бугарија, како и Хрватска и Босна и Херцеговина.
Топ 20 листата изгледа вака:
1. Италија
2. Франција
3. Шпанија
4. Јужна Африка
5. Португалија
6. Аргентина
7. Грузија
8. Србија
9. Хрватска
10. Унгарија
11. Чиле
12. Кипар
13. Бугарија
14. Грција
15. Австралија
16. Бразил
17. Босна и Херцеговина
18. Нов Зеланд
19. Македонија
20. Романија
Целата листа со 30 вински дестинации може да ја погледнете ОВДЕ.
Наведени се и просечни трошоци за пат до секоја од винските дестинации, сместување и храна, а како почетна точка за патувањето е земен Лондон.