Photo: Ido Wachtel Instagram: @photo.ido

264 часа или 14 дена без храна и вода преживеала мачка случајно затворена во пилотска кабина.

Авионот Boeing 737-900ER слетал на аеродромот Ben Gurion Аirport во Тел Авив од Дубаи на 24 јануари 2021 и од тогаш останал паркиран на пистата, па се претпоставува дека мачката, пред да биде забележана на прозорот од пилотската кабина, некако успеала да преживее 14 дена внатре затворена.

Фотографии од мачката, како ужива на Сонце лежејќи во пилотската кабина, сподели Ido Wachtel, официјален фотограф за авијација, на својот Инстаграм профил: instagram.com/photo.ido.

На неколку фотографии се гледа дека мачката успеала да оштети и дел од пилотската кабина, т.е изгризала и изгребала дел од пилотската табла.

Откако фотографијата се рашири по медиумите, Aeronews објавија дека мачката е ослободена од авионот.