Откако го распродаде светското крстарење за 2021-2022 година една година однапред, компанијата “Viking” го објави своето ново Светско крстарење за 2022 – 2023 година.
Ова крстарење ќе трае 138 дена, ќе помине низ 28 земји и 58 пристаништа, со ноќевања во 11 градови. Гостите ќе пловат со најновиот брод на компанијата – “Viking Neptune”, кој може да прими 930 гости.
Крстарењето започнува на 22 декември 2022 година од Флорида, САД и се патува кон Централа Америка и Панамскиот канал, за потоа пловењето да продолжи на Западниот брег на Северна Америка. Во Лос Анџелес на бродот ќе имаат можност да се придружат нови патници за пократко крстарење од вкупно 121 ден – да ги посетат Хаваи, Австралија и Нов Зеланд, пред да продолжат кон Азија и Блискиот Исток. Крстарењето потоа продолжува по Медитеранот, низ Грција, Италија, Франција, Шпанија и Португалија, за да заврши во Лондон, Англија.
Меѓу главните моменти на ова крстарење се издвојуваат ноќевања во 11 градови, како: Сиднеј, Хаифа и Истанбул, и двојните ноќевања во: Окленд, Бали, Хо Ши Мин, Јангон и Мумбаи.
Цената по патник за ова крстарење започнува од 49.995 долари.