Според најновите официјални информации на властите во Грција, Македонските граѓани ќе може да одат на летување во оваа држава без приложување на негативен тест за Covid-19, a границата ќе ја отворат на 15 Јуни.
Но, колку би ве чинел карантин во Грција?
Никоја осигурителна компанија во светот нема ставка во здравственото патничко осигурување која покрива лечење од пандемија, ниту Корона и САРС, како ни ХИВ, што значи дека лечењето од Covid-19 во странство си го плаќа секој од свој џеб. Здравственото патничко осигурување може да го покрие тестирањето за Covid-19, но ако тестот е позитивен, тука завршуваат обврските на осигурувањето кон осигуреникот. Освен ако некоја држава не изрази добра волја во корист на туризмот, па воведе бесплатно лекување за туристите кои би се разболеле од Covid-19 на нејзина територија.
Ако се случи во објект со сместувачки капацитет да се појави барем еден заболен од Covid-19, грчките власти предвидуваат затварање на целиот објект и тој станува карантин за сите кои моментално се сместени во него, а изолацијата трае 14 дена. Ако некој се обиде да избега од изолација, може да заврши во затвор.
Како што пренесува “Srbija danas”, карантинот може да чини од 100 до 150 евра на ден по човек, или до 2.100 евра по човек за сите 14 дена карантин. Овој износ се плаќа на сопственикот на објектот, а сумата е висока бидејќи и закупот на хотелите е многу скап.
Но, има некои процедури кои сеуште не се добро разработени, како на пример дали постои можност турист да биде вратен во својата земја во карантин, иако е најверојатно дека карантинот ќе биде на дестинацијата каде во моментот се нашол туристот.
Исто така, туристичките агенции ќе треба да превземат грижа за безбедноста на своите патници, па ако планирате одмор ова лето преку агенција, добро информирајте се какви услуги нуди и покрива агенцијата во случај на карантин или позитивен тест на Covid-19.
Грција најави дека бројот на туристи на плажите ова лето ќе биде многу редуциран, па така на плажа од 1000 м2 ќе биде дозволено да престојуваат само 40 посетители, а вработените на плажите ќе водат евиденција за бројот на посетители. Растојанието од еден до друг чадор мора да биде 4 метри, под секој чадор може да има само по 2 лежалки, а полиција ќе брка туристи од дивите плажи.
Извор: Srbija danas ТУКА