За да ги усреќат своите жители во ова време на пандемија, имајќи во предвид дека многу од нив ги имаат променето своите планови за летен одмор, градските власти на главниот град на Литванија – Вилнус решија ова лето плажата да ја донесат во центарот на градот.
На местото на најголемиот градски плоштад Lukiškes Square направија плажа, која ги содржи сите реквизити како и регуларна плажа покрај вода, како: песок, лежалки, чадори за сонце, дрвени патеки и кабини за пресоблекување. Плажата ќе биде отворена секој ден за сончање, одбојка на плажа и дружење, а навечер ќе има филмски проекции и концерти на отворено. Инаку, крајбрежјето е оддалечено само три часа возење од Вилнус.
“Ако жителите на Вилнус не можат да отидат на море, тогаш зошто да не уживаат во градот во едно морско искуство”, изјавил градоначалникот на Вилнус – Remigijs Šimašius.