Летната сезона веќе е на прагот и сите сме во исчекување дали ова лето ќе може да го поминеме на плажа и дали ќе биде безбедно да пливаме во езеро, море или во базен.
Оптимистички тврдења пристигнуваат од Центарите за заболувања и превенција – “Centers for Disease Control and Prevention” (CDC), кои дадоа одговор на овие прашања.
Covid – 19 не е детектиран во вода за пиење, бидејќи водата за пиење се филтрира и дезинфицира пред да стигне во чешмата.
Следствено на ова, значи дека и во базени кои редовно се филтрираат и чистат со Хлор и Бром, вирусот не може да опстане, односно и да го има на површината на базенот, овие хемикалии ќе го уништат. Истото важи и за кади, туш кабини и спа кои редовно се одржуваат и дезинфицираат.
Иако некои истражувања покажале дека вирусот може да опстане во вода на собна температура и до 12 дена, многу е мала веројатноста дека вирусот може да се пренесе во езеро или море, бидејќи неговата концентрација се разредува во огромната количина на вода.
До сега нема евидентирано случаи дека овој вирус се пренел на човек преку водна површина.
Па така, опасноста за фаќање на вирусот кога сте на плажа, во море или базен не доаѓа од водата, туку од луѓето кои се во ваша непосредна близина. Затоа и на плажа и во водна површина практикувајте ги препораките за заштита од вирусот кои важат и кога сте на копно – одржувајте социјална дистанца од 2 метра, често мијте ги рацете во траење од минимум 20 секунди, дезинфицирајте ги предметите кои ги користите и кои ви се во непосредна близина и избегнувајте да го допирате лицето