Балканска брза железница е желба на секој Балканец, со која ќе може за многу кратко време да се патува од еден до друг крај на овие простори.
Мапата што ја гледате е дело на Бугарскиот графички дизајнер и поборник за јавен превоз – Гергин Борисов, која ја воодушеви јавноста, иако може да се забележи и по некоја грешка на неа.
Може да забележите дека со оваа брза железница од Куманово до Солун би се патувало половина час, од Будимпешта до Куманово би се патувало нешто пократко од 4 часа, од Скопје до Софија би се стигнувало за 2 часа и 15 минути.
Идејата за брзата железница е визионерска, но не невозможна и се надеваме дека во блиска иднина ќе стане реалност.