Скоро и да не постои човек на планетава на кој му е сеедно кога ќе се качи во авион, без разлика дали летот ќе трае еден час или повеќе од десет часа. Не ни е сеедно кога не го допираме тлото на земјата и кога не може да ја контролираме ситуацијата. Изразено во проценти: дури 85% од патниците патат од анксиозност при авионски лет, а 10% од нив имаат фобија од летање. Сепак, секој пилот ќе ви каже дека нема потреба од паника, дека авионот е статистички најсигурно превозно средство, а на крајот од денот и пилотот сака безбедно да се врати дома кај своите најмили.

Во прилог на ова одат и следните факти:

  • Шансата да се случи авионска несреќа е 1: 11 000 000 летови.
  • Потребни се 21.000 години за еден патник да доживее авионска несреќа , ако тој би летал секој ден со авион.
  • Шансите за преживување на авионска несреќа се за 50 % поголеми ако авионот принудно слета во вода.
  • Елеците за спасување служат за помош при принудно слетување на aвионот во вода и досега имаат спасено околу 1000 патници.
  • Во последните 40 години во авионски несреќи преживуваат 67% од патниците.
  • Турбуленциите не се причина за авионска несреќа, ниту една несреќа се нема случено заради турбуленции во сите 120 години од постоење на воздухопловството.
  • Како најбезбедни седишта во авионот досега се имаат покажано седиштата во задниот дел на авионот.
  • Некои видови на авиони (како на пр. Boeing 787 Dreamliner) може да летаат и до пет часа по откажување на едниот од моторите на авионот.
  • Маските за кислород , кои во случај на итност се спуштаат од плафонот над секое авионско седиште, содржат кислород за 12 минути. Ова време иако изгледа кратко, е добро пресметано, бидејќи проблемите со воздушниот притисок во авионот се ретки и траат само по неколку минути.
  • При летање висинско растојание меѓу два авиони треба да биде минимум 300 метри, а странично растојание (од крило до крило) треба да биде 10 – 15 километри.
  • Црната кутија на која се снима разговорот на пилотите со контролорите на летање всушност не е црна, туку е портокалова.
  • Заради сигурност, пилотот и ко пилотот јадат различна храна на летот.
  • Оваа 2019 година на 29 Јуни беше поставен рекорд во најголем број на авиони на небото во еден ден, вкупно 202.157 авиони. Тој ден во ист момент на небото летале повеќе од 19.000 авиони. Инаку просечен број на авиони на небото е околу 9.000.
  • Најкраткиот лет трае помалку од 1 минута, поточно 53 секунди и се лета од еден до друг Шкотски остров.
  • Најдолгиот лет е на релација од Сингапур, Малезија до Њуварк, Њујорк и трае 18 часа и 45 минути. Кои се трите најдолги летови може да прочитате овде: https://patokolusvetot.mk/tri-najdolgi-avionski-letovi/