Во последниве години, се’ почесто реномирани англиски медиуми пишуваат  текстови посветени на Македонија, каде нашата држава ја опишуваат во суперлативи. Деновиве текст објави Express.co.uk каде земјава ја опишува како 5 пати помала од соседната држава Грција, но исто толку убава и со речиси никаков туризам.

Photo: A.Petrovska www.patokolusvetot.mk

“Македонија е ризница на природна убавина, што ја прави еден од најкарактеристичните скриени скапоцени камења на континентот. Оваа држава полека почнува да се појавува како омилена дестинација на патувачи кои сакаат помирни дестинации и спокоен одмор.”

Photo: Antonio Janeski from Unsplash.com

На Англичаните им се доловуваат убавините на Македонија, објаснувајќи им дека дури 80 проценти од површината на државата спаѓаат на планини и езера, што им дава можности на љубителите на авантурите да се впуштат во планинарење, возење велосипед и кајак. А, за туристи кои претпочитаат порелаксиран пристап кон природата, земјата е дом на широк спектар на диви животни, вклучувајќи: мечки, диви свињи, волци, лисици, елени и над 200 видови пеперутки.

Photo: Lex Melony from Unsplash.com

“Љубителите на историјата можат да се нурнат во богатото минато на земјата, истражувајќи амфитеатри, статуи, манастири и мошти од грчкиот, римскиот, византискиот и отоманскиот период.”

Photo: Abenteuer Albanien from Unsplash.com

Еxpress не ја изостава и македонската кујна и препорачува обавезно да се проба македонскиот специјалитет – тавче гравче. “Кулинарската сцена на Северна Македонија е разновидна како и нејзината историја, нудејќи неверојатен спој на вкусови.”

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.

Прочитајте и зошто Англичаните препорачуваат Комо да го замените со Охрид:

Англичаните препорачуваат – Зошто Комо треба да го замените со Охрид