Photos from Unsplash.com

За да провери колку навистина е сигурна една од 10-те најсигурни држави во светот, новинарот Uptin Saiidi решил да го остави својот лаптоп на маса во кафе бар во Сингапур, без да го надгледува и да се врати за еден час, за да провери дали лаптопот ќе биде се уште на масата. Целото ова искуство го снимил и видеото го објавил на својот Tiktok профил.

Saiidi во видеото кажува дека Сингапур е една од најсигурните држави во светот, во која 250 денови по ред се нема случено никакво криминално дејство, што значи и дека на никого не му е укреден мобилен телефон во изминатите 8 месеци.

Photos from Unsplash.com

А, како три основни причини заради кои скоро и да не постои криминал во Сингапур, Saiidi ги наведува: чесен и фер однос на жителите како дел од нивната културата, потоа основните потреби во државата се задоволени, така што луѓето немаат потреба од криминални дејства (живеат лагоден живот, нема бездомници) и трето – камери има насекаде, а казните за кражба се многу високи – затвор во траење и до 10 години.

Погледнете дали Saiidi го нашол лаптоп-от каде што го оставил, во видеото кое досега е погледнато над 3,4 милиони пати:

@uptin

♬ original sound – Uptin

Ова видео предизвика многу позитивни реакции од луѓе кои го погледнале насекаде во светот, па така жител на Сингапур споделил свое искуство за мобилен телефон кој си го заборавил на автобуска станица, за да следниот ден си го најде на истото место каде што го заборавил – завиткан во пластична кеса на која некој напишал “изгубен телефон”.

Секако, постојат и сосема спротивни искуства на луѓе од други делови во светот, па така некој споделил дека во Берлин на пример лаптопот би се продавал на eBay за помалку од 10 минути, во Лондон би ти го украле лаптопот додека седиш до него, во Јужна Африка би ти украле и лаптоп и камера и микрофон и TikTok профил и идентитетот и сл.