Photos from Unsplash.com
Photos from Unsplash.com

За најголем број од луѓето на оваа планета, најидеално место за живеење е она каде се ниски трошоците за живот, но воедно и место кое е безбедно. Секако, не постои држава на овој свет каде опасноста од криминал е еднаква на 0 и во секое место може да ви се случат и добри и лоши работи, но Worldpackers објави список на 10 држави кои се и најбезбедни и најевтини за живеење.

10 Најевтини и најбезбедни држави за живеење, наведени без посебен редослед се:

  • Чешка – развиена како државите во Западна Европа, а евтина како Источна Европа, погодна е за лесно патување низ Европа.
  • Бугарија – Европа е прилично скапа, но се’ во Бугарија е достапно.
  • Албанија – една од најпотценетите држави во Европа, а има многу да понуди. Медитеранската клима и пејзаж, мал наплив на туристи, Албанија е прекрасно место за живеење.
Photo: Alice E from Unsplash.com
  • Португалија – купувањето на локалните пазари е достапно за сечиј џеб, а португалската културата е многу топла и секој странец е добредојден.
  • Костарикае позната по својот начин на живот „Pura Vida“, кој нагласува забавување, уживање во природата и максимално живеење со “полни гради”.
  • Панама – e мултикултурна заедница полна со студенти, патници, поранешни патници и локални жители.
Photo: Filip Gielda from Unsolash.com
  • Мексико има широк спектар на температури и клима и многу работи што треба да ги видите и направите, така што никогаш нема да ви биде здодевно да живеете овде.
  • Тајланд – едно од најевтините и најбезбедните места за живеење во Азија. Храна, транспорт, сместување, активности и атракции, сето тоа е евтино во Тајланд.
Photo: Evan Krause from Unsplash.com
  • Малезијае многу добро развиена земја во Југоисточна Азија. Трошоците се ниски, криминалот е низок, здравствената заштита и инфраструктурата се добри, а има и многу имигранти кои живеат во Малезија.
  • Виетнам – со драматични природни пејзажи, историски градови и села и многу евтина, вкусна локална храна, Виетнам има се што ви треба за да живеете со мал буџет.