Министерството за економија објави список на хотели каде може да се искористат ваучерите за туризам во износ од 12.000 денари, за кои можеа да аплицираат работници чии месечни примања во семејството за 2021 година не надминуваат нето износ од 30.000 денари.
Ваучерот за одмор може да се искористи најдоцна до 30 ноември 2021 година и тоа само од страна на работникот на чие име е издаден, заедно со членовите на неговата потесна фамилија кои се наведени во апликацијата.
Листата на категоризирани угостителски објекти каде може да се искористат ваучерите погледнете ја ТУКА.