Дали сте за едно мистериозно крстарење? Ако се двоумите за дестинација за одмор и не можете да се одлучите каде сакате да отпатувате или пак не можете да се договорите со вашиот сопатник, ова е идеално решение – крстарење од 10 дена на кое патниците нема да знаат каде ќе патуваат се’ до првиот ден од патувањето.
Ова прво мистериозно крстарење го организира компанијата “Uniworld Boutique River Cruises”, за кое патниците кои резервирале место нема да знаат никакви детали, како на пример: со кој брод ќе пловат, кои места ќе ги посетат, кои активности ќе ги имаат во текот на патувањето. Едноставно – секој детал од ова крстарење ќе биде изненадување.
Неколку дена пред почеток на крстарењето, компанијата ќе им испрати на патниците листа со предмети кои треба да ги спакуваат и кои ќе им бидат потребни за тие 10 дена на бродот.
Ова уникатно крстарење вклучува луксузни удобности кои ги нуди и секое друго крстарење на оваа компанија, а ќе уживате во: голем број на дестинации, уникатни екскурзии, гурманска храна и пијалоци, забави на бродот, како и во возбудата дека сте единствени кои отишле на вакво патување и во неизвесноста дека не знаете што наредно следува.
Планираниот почеток на крстарењето е на 12 јуни 2022 година, а цената за едно лице започнува од 6.999 долари (или 5.800 евра).
Подетални информации за ова мистериозно крстарење може да добиете ТУКА.