Photo: Jeshoots/Unsplash

Секој патувач одвај чека да тргне на ново патување и често куферот му е спакуван неколку дена порано, но постојат и работи кои не се баш многу омилени, а се составен дел од секое патување.

Патувачи од цел свет преку анкета на Фејсбук група за патувачи си ги кажаа своите патувачки “маки” и се изјаснија кои им се најнеомилените работи при патување.

10 Најнеомилени работи при секое патување се:

  1. Плаќање за патувањето.
  2. Враќање дома од патувањето. (секогаш ни фали барем уште еден/два дена плус на дестинацијата)
  3. Отпакување на куферот кога ќе се вратиме од патување.
  4. Пакување на куферот пред патување.
  5. Чекање во долги редици на аеродром/железничка станица/автобуска станица.
  6. Недостасување на домашното милениче додека сме на пат.
  7. Патување од/до аеродром.
  8. Џет лег.
  9. Патување со авион.
  10. Долг авионски лет.

Дали се сложувате и имате да додадете уште нешто?

 

Ако имате проблем со џет лег при патување, прочитајте како најлесно да го надминете:

Како да се справите со џет лег?