Во денешно време најчесто се прави резервирање на хотел или авионска карта преку интернет, а ова отвара можност за разлики во цените од еден до друг веб сајт, како и од еден до друг корисник на веб сајтот и начинот на пристап кон интернетот.
Па така, кога резервирате и купувате online, посебно хотели или авионски карти обавезно отворете ја страната преку неколку различни уреди. Кај голем број веб сајтови ќе добите различна цена во зависност од уредот од кој пристапувате на страната, на пример има разлика дали пристапувате преку мобилен телефон или десктоп Mac/windows/iPad.
Разлика може да има и според локацијата на пристапот преку VPN, ова исто така може да предизвика различна цена.
На овој линк: https://www.arbeiterkammer.at/beratung/konsument/EinkaufundRecht/Achterbahn_bei_Online-Preisen.html е даден еден ваков тест- каде кај цената на еден хотел имало разлика од 26% на 14 различни уреди со кои тестирале, а кај цената на еден лет и до 44%.