По изминати шест месеци од оваа година, веќе се знае кои градови во светот се најпопуларни и привлекуваат најголем број на посетители.
Студија објавена во јуни, која е изработена од страна на Mastercard, го даде Индексот на градовите на глобалните дестинации – кој ги рангира градовите врз основа на вкупните меѓународни пристигнувања на посетители во градовите по остварен број на ноќевања. Индексот може да го предвиди и растот на посетители за следната година.
Топ листа на 10 најпосетени градови во светот за 2023 година изгледа вака:
1. Банкок, Тајланд со 22,78 милиони посетители – во Банкок посетителите просечно остануваат по 4,7 ноќевања и трошат по 173 долари на ден.
2. Париз, Франција со 19,10 милиони посетители
3. Лондон, Обединето Кралство со 19.09 милиони посетители
4. Дубаи, ОАЕ со 15,93 милиони посетители
5. Сингапур, Сингапур со 14.67 милиони посетители
6. Куала Лупмур, Малезија со 13,79 милиони посетители
7. Њујорк, САД со 13,60 милиони посетители
8. Истанбул, Турција со 13,40 милиони посетители
9. Токио, Јапонија со 12,93 милиони посетители
10. Анталија, Турција со 12,41 милиони посетители.
Бидејќи листата е шаренолика, со различни типови на градови, заклучокот е дека луѓето повеќе не ги следат само трендовите за патување, туку и своите интереси за градови кои најмногу им одговараат.
Целосната листа со 20 најпосетени градови во светот може да ја погледнете тука: