ЗА НАС

Patokolusvetot.mk е специјализиран сајт за патувања, портал за сите патувачи и сонувачи.
Споделуваме искуства, совети, знаење и корисни информации за патувања. Целта ни е да ги споделиме нашите искуства од дестинации кои сме ги посетиле – во авторски текстови кои не може да се најдат на други сајтови, да ви препорачаме она што е вредно да се посети и направи на овие места, како и навремено да ве информираме за случувања во светот поврзани со патувањата. Нашето мото е: “Толку многу дестинации, а толку малку време.”

Како да патувате безбедно, како најефикасно да се спакувате за на пат, како да се справите со долго чекање на аеродоми и со џет лег, кои се најдобрите хотели во светот, кои се најскапи, а кои најевтини градови, репортажи од светски метрополи и од помалку познати места, дестинации за меден месец, предлози за летување и зимoвање, интервјуа со туристички водичи и со наши иселеници за начинот на живот низ светот, што треба да содржи хотел со 1, 2, 3, 4 и 5 ѕвезди, што смеете, а што не смеете да спакувате во рачен багаж за авион… и уште безброј други прашања кои најчесто не’ мачат пред патување – на нашиот портал ќе најдете совети и одговори на сите патувачки “маки.”

Ви благодариме за Вашата посета на нашиот портал и се радуваме на секоја Ваша желба за соработка.

Со почит,

Patokolusvetot.mk