Додека во Бејрут се уште се бројат жртвите од страшната експлозија, која се случи пред два дена во магацин со 2.700 тони експлозивни материјали и се уште постои надеж да се пронајдат преживеани под урнатините, жителите на Бејрут излегоа на улиците и започнаа да го чистат градот од рушевини и прав.
Бејрут досега е уништуван седум пати и потоа обновуван, ова ќе биде негов осми пат – градот повторно како феникс ќе се издигне над рушевините.
Навистина, духот и културата на овие луѓе се воодушевувачки и заслужуваат сечија почит.
Фотографии: Facebook