Од утре стапуваат на важност нови услови за влез во Бугарија. Ова се документите кои треба да се приложат за Covid-19:
– Потврда за завршена вакцинација (примени 2 дози), со важност од 15 до 270 дена по примањето на втората доза;
– Потврда за примена бустер доза, нема ограничено времетраење;
– Потврда за прележан Covid-19 која важи од 11-ти до 180-тиот ден, сметајќи од датумот на тестирање внесен во документот;
– Потврда за извршено тестирање (PCR или брз антиген тест). РCR тестoт не смее да биде постар од 72 часа, а брзиот антиген – не постар од 48 часа.
– Деца до 12 години можат да влезат без документи за Covid-19, а деца од 12 до 18 години може да влезат во Бугарија со негативен PCR тест кој не е постар од 72 часа.
Дополнителни информации може да прочитате на овој линк:https://www.mfa.bg/en/customnews/main/24737