Постои изрека дека “Купувачот е секогаш во право”, па ова важи и за туристите кои користат услуги на туристички агенции, но некогаш туристите претеруваат со своите нереални барања и поплаки.
Ова се само мал дел од најчудните и најсмешните поплаки кои туристи ги напишале на “Tripadvisor”, “Redit” и “Yelp”:
1. “Никој не ни кажа дека ќе има риби во водата. Децата беа преплашени.“
2. “Кога дојдовме во Шпанија сфативме дека таму има премногу Шпанци. Рецепционерот зборуваше на шпански, храната беше шпанска… Никој не ни кажа дека ќе има толку многу странци.“
3. “Не можевме да уживаме во турата, бидејќи нашиот туристички водич беше многу грд.”
4. “Резервиравме екскурзија во воден парк, но никој не ни кажа дека треба да си носиме костими за капење и пешкири.“
5. “Плажата беше премногу песочна. Сè моравме да чистиме кога се враќавме во хотелот.“
6. “Тоа е само статуа среде вода, не е голема колку што мислевме дека е.” (за Статуата на Слободата во Америка).
7. “Дали сакате сив бетон? Ако сакате сив бетон со осветлување, тогаш сте на правото место. Животот е краток, направете нешто друго.” (За Операта во Сиднеј)
8. “Најлош хот дог во животот” (за Ајфеловата кула во Париз, најверојатно коментар наменет за тезга под кулата каде се продава хот дог.)
9. “Девојките во Русија беа толку многу убави што комплетно ми ја уништија самодовербата.”
10. “Ме касна комарец. Во брошурата не пишуваше дека ќе има комарци.“
11. “Ваша одговорност е да нè предупредите дека ќе има гласни туристи во хотелот.“
12. “Моравме да чекаме ред за да се качиме на бродот и на бродот немаше клима.”
13. “На одмор во Гоа, Индија се разочарав затоа што секаде се служеше само храна со кари. Не сакам зачинета храна.“
14. “Нас ни требаа 9 часа од Јамајка до Англија, а на Американците само 3 часа. Тоа не е фер.“
15. “Освен ако не сте премногу фасцинирани од големи пештери и камења, прескокнете го ова. (за тура во пештера во Национален парк Кавербалд Каверн)
16. “Песокот не беше како од брошурата. Рекламираат бел песок, а овој беше жолт.“
17. “Ни кажаа дека кујната е комплетно опремена, но недостасуваше сечило за јајца.“
18. “Нашиот тоалет беше многу помал од тоалетот на нашите пријатели.“
19. “Со сопругот побаравме соба со два кревета, а добивме еден голем кревет. Сега вие сте виновни што сум бремена. Ова немаше да се случи ако резервацијата беше како што треба.“
20. “Не треба да дозволат топлес сончање на плажа. Сопругот беше згрозен, а сакаше само да се релаксира.“