Летото се наближува, а со тоа започнуваат да се планираат одмори и резервираат сместувања во една од омилените, летни, туристички дестинации за Македонците – Грција.
Оваа година, цените во Грција се малку повисоки од претходните години, како и во останатите држави во Европа. Цените на храна варираат од едно до друго туристичко место, а треба да се има во предвид и дека цените на грчките острови се повисоки од копнениот дел, што е вообичаено низ годините. Споредбено – трошоците за живот во Грција се во просек за 76,1% повисоки од трошоците за живот во Македонија.
Ова се овогодинешни просечни цени на храна во ресторани и маркети во Грција:
Просечни цени во ресторани:
– Оброк за две лица во средно рангиран ресторан = 30 – 80 еур.
– Грчко пиво 0,5л = 4 еур.
– Увозно пиво 0,3л = 4 еур.
– Капучино = 3 еур.
– Кока Кола/Пепси 0,33л = 1,77 еур.
– Вино = 2,50 – 22 еур.
– Коктели = 7 – 15 еур.
– Вода 0,33л = 0,50 еур.
– Гиро пита = 2,80 – 4.50 еур
– Гиро порција = 7 – 10 еур.
– Пица = 6 – 12 еур.
– Риба = 6 – 60 еур.
– Салати = 6 – 8 еур.
Просечни цени во маркети:
– Млеко 1л. = 1.40 еур.
– Леб 500 гр. = 1.08 еур.
– Јајца (12 ком) = 3,57 еур.
– Грчко сирење 1 кг. = 10,27 еур.
– Пилешки филети 1 кг. = 7,91 еур
– Јаболки 1 кг. = 1,70 еур.
– Банани 1 кг. = 1,73 еур.
– Портокали 1 кг. =1,21 еур.
– Домати 1 кг. = 1,76 еур.
– Компир 1кг. = 0,98 еур.
– Кромид 1 кг. = 0,89 еур.
– Вода 1,5 л. = 0,78 еур.
– Грчко пиво 0,5 л. = 1,47 еур.
– Увозно пиво 0,33 л. = 2,14 еур.
– Шише вино (среден ранг) = 7 еур.
Поопширна листа на цени во Грција може да погледнете ТУКА.