По повеќе од 3 години откако ја прекина директната линија Скопје – Дубаи, Fly Dubai оваа година планира да го врати овој лет, информира Ex Yu aviation.
Fly Dubai планира повторно да започне со овaa линија од 30 октомври 2023, со летови двапати во неделата – секој понеделник и четврток, со авион Боинг 737-800.
Ова е најнова најава за обнова на овој лет, откако претходно во неколку наврати беше најавувано, но откажувано, оваа линија требаше да се обнови и во март и ноември 2021, потоа во октомври 2022, но беше одложено.
На официјаниот сајт на Fly Dubai може да се видат овие планирани летови, но се уште не може да се купи карта и нема цени.