Пакувањето на багажот често знае да ни зададе главоболки , започнувајќи од тоа што се’ треба да понесеме, а да не ја надминеме дозволената килажа на куферот, како да ги спакуваме алиштата , а да не бидат изгужвани кога ќе пристигнеме на дестинацијата, колку е доволно козметика да понесеме, а да не ни истече при транспортот…
Следуваат повеќе трикови како полесно и поефикасно да го спакувате багажот, кои ќе ви го олеснат секое наредно пакување и патување:
- Во внатрешноста на чевлите можете да спакувате чорапи и долна облека.
- Целата количина на облека завиткајте ја во еден уреден куп облека.
- Маиците и долната облека може да бидат завиткани како чорапи.
- Здиплете ја кошулата, а потоа во внатрешната страна на јаката од кошулата ставете каиш кој ќе спречи нејзино прекршување.
- Шминките може да ги спакувате во кутија за чување на контактни леќи.
- Пред да затворите пластично шише, ставете најлонска кеса која ќе дојде помеѓу шишето и капачето, со што ќе се оневозможи протекување на течноста од шишето.
- Накитот спакувајте го во кутивче кое служи за чување апчиња.
- Тешките предмети ставете ги најдоле во куферот, најблиску до тркалата на куферот, за да не ризикувате да нагмечат полесни предмети.
- Купете куфер кој тежи што е можно помалку. Колку полесен куфер, толку повеќе килограми спакувани во него.
- Спакувајте само облека која ќе одговара на активностите кои ги планирате на предвидената дестинација.
- Чевлите завиткајте ги во најлонска капа за туширање. (која ја даваат во хотелските соби).
- Ако патувате само со мал, рачен багаж, тогаш најтешките парчиња облека имајте ги облечено на вас.
- Залепете ознака за кршлив багаж, ако имате спакувано предмети кои се лесно кршливи, а и воопшто – ако едноставно сакате багажот да ви биде подобро транспортиран.
- Парфемите завиткајте ги во чорапи, за да избегнете нивно кршење.
- Ако патувате во група, куферите означете ги со еднакви ознаки, за полесно да ги забележите во купот багажи.
- Ако немате доволно место во куферот за сите потребни работи, размислете што од нив може да купите во местото каде што патувате (козметика, батерии и сл).
- Кондиционерот за коса може да го користите и како лак за чевли, крем за бричење и како средство за отстранување на шминка.
- Секогаш носете си голема марама со вас, корисна е за во многу ситуации: може да ја искористите како тенка покривка во авион во случај да ви залади, исто така и како наметка за раменици при посета на верски објекти, секако и за на плажа и на базен.
- Понесете си навлака за перница – во случај да имате осетлива кожа на лицето или ако се сместите во хотел/хостел со лоши препораки.
- Купете си мал, дигитален мерач на тежина за куфери, така никогаш нема да стравувате дека куферот ќе ви биде над дозволената тежина. Споделете ги овие трикови со вашите најблиски и пријателите. 🙂