За да ја спасат летната туристичка сезона во земјите членки на ЕУ, Европската комисија вчера во Брисел објави упатства за заштита од вирусот Covid-19 при овогодинешното летување.
Комисијата нагласи дека епидемијата не е помината и ризиците за нејзино ширење за време на туристичката сезона и понатаму постојат, па задолжително е почитување на мерките: социјално дистанцирање, одржување хигиена, носење на маски и тестирање за Covid-19.
“Ова нема да биде нормално лето за никого. Но, ако сите го завршиме својот дел од работата, тогаш нема да мора летото да го поминеме затворени во своите домови и сезоната не мора да биде целосно изгубена за туристичката индустрија“, изјави извршната претседателка на Европската комисијата – Маргарет Вестагер.
Европската комисија ги даде следниве упатства за безбедно летување:
- Да се обезбеди по два метри растојание помеѓу лежалки на плажа.
- Гостите кои се сместени во иста соба може да седат на иста маса во ресторан, кафе бар и на плажа. На останатите им се препорачува доближување со носење на маска.
- Хотелите да избегнуваат послужување на храна со “шведска маса“, а ако тоа не е возможно, треба да обезбедат средства за дезинфекција.